Роден на 6 февруари 1915 година во Леуварден, починал на 15 ноември 1981 година во Харлем, Холандија. Бил автодиктат (самообучен) сликар кој развил уникатен експресионистички стил со кубистички елементи. Воглавно работел со акварел и молив. Член бил неколку уметнички групи на Харлем, како „ Kunst is Onze Doel“ и „ De Groep“. Бил сликар, скулптор и цртач со молив. Неговите слики се во колекцијата на музејот на Франс Халс во Харлем.
Рулоф Клајн го посетил Охрид во доцните 1960-ти, каде што изработил неколку акварели и цртежи со охридски улични сцени и пејзажи. Нелолку од овие акварели се во приватната колекција на авторот на овој лексикон.

Куќи во Охрид, акварел
Куќи во Охрид, акварел
Улица во Охрид, акварел
Улица во Охрид, акварел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не