Моша Пијаде (4 јануари 1890 – 15 март 1957 година), прекар „Чича Јанко“ бил српски и југословенски комунист, близок соработник на Јосип Броз Тито, југословенски политичар и полноправен член на српската академија на науките и уметностите.

Пијаде е со Сефардско еврејско потекло ( евереи кои се протерани од Шпанија во 1492 година и прифатени од Турција, и со освојувањето на Белград во 1521 голем број на Цефрадски евреи се населуваат во Белград во турскиот дел од градот кој се вил и сеуште се вика до ден денес Дорчол ( Дортјол на турски јазик значи  „четири патишта“).. Во младоста, Пијаде бил сликар, уметник критичар и публицист. Тој бил познат и по преводот на Капитал од Карл Маркс на српско-хрватски јазик.

За него се смета дека имал големо влијание врз марксистичката идеологија која е забранета за време на стариот режим во Кралството Југославија. Во 1925 година, бил осуден на 20 години затвор заради неговите „револуционерни активности“ по Првата светска војна. Ослободен после 14 години затвор во 1939 година но е повторно затворен во 1941 година во логорот Билеќа.

За време на Втората светска војна, Пијаде е еден од водачите на востанието во Црна Гора. Позната били неговата немилосрдна суровост кон луѓето кои одбивале да се приклучат кон неговите единици. После тоа, тој беше повлечен во седиштето на комунистите заради проблемите поврзани со востанието. Под влијание на Пијаде и Милован Ѓилас, било спроведено екстремно гонење за „левичарските промашувања“ на партизаните во Црна Гора.

Во март 1942 година, Пијаде се сретнува со британскиот претставник во окупирана Југославија Теренс Атертон и го носи на турнеја на инспекција на организацијата на комунистичките сили во Жабjак.

Пијаде е познат како креатор на таканаречените „регулативи за Фоча“ (1942), со кои се пропишани основите и активноста на народните комитети за ослободување во ослободените територии за време на војната против нацистите. Во ноември 1943 година, пред втората средба на АВНОЈ во Јајце, го иницира создавањето на Танјуг, која подоцна станува државна новинска агенција на СФР Југославија, деновиве во Србија.

Пијаде бил носител на високи политички функции за време и по Втората светска војна и бил член на Централниот комитет и на Политбирото на Комунистичката партија на Југославија. Тој бил еден од водачите на партизаните на Тито и подоцна беше прогласен за народен херој на Југославија. Еден е од шесте потпретседатели на Президиумот на југословенскиот парламент (заменик шеф на државата) 1945-53 година.

Во 1948 година Пијаде го убедува Тито да им дозволи на Евреите што останале во Југославија да емигрираат во Израел. Тито се согласил за еднократен исклучок. Како резултат на тоа, 3.000 Евреи емигрираат од Југославија во Израел преку војниот брод СС Кефалос во декември 1948 година. Меѓу нив беше и Томи Лапид, кој стана вицепремиер на Израел и е татко на Јаир Лапид.

Откако ја предводел правната комисија на Собранието, Пијаде бил Потпретседател (1953-54) и претседател на Југословенскиот парламент или Собрание (1954–55). Во 1957 година, починува во Париз за време на враќањето од посетата на Лондон, каде што имал разговори како лидер на југословенската парламентарна делегација. Улиците во многу градови од поранешните југословенски земји некогаш биле именувани по него.

Пијаде како сликар;

По завршувањето на основното училиште, ја напушта Долната гимназија во 1905 година, кога за кратко време учи во Уметничкото и занаетчиското училиште во Белград кај Марко Мурат, а веднаш потоа станал приватен ученик на Пашко Вучетиќ. Студирал 1906-1907 година. сликарство во Минхен во приватното училиште на Хајнрих Книр и потоа на Академијата за ликовни уметности со сликарот Ангел Јанко. Заминува за Париз во 1909 година и се враќа во Белград во 1910 година.

Од 1913 до 1915 година бил наставник по цртање во Гимназијата Свети Климент Охридски во Охрид.

За прв пат изложува во Сомбор во 1911 година, а потоа во 1919 година со „Група уметници“ во Белград. Ја организирал единствената самостојна изложба во 1952 година во своето студио во Белград. За него беа организирани комеморативни изложби во 1957 и 1958 година во Белград, Сараево, Пула, Загреб, Љубљана и Сплит.

Сликарскиот концепт на Моше Пијаде се заснова на природата, формата и светлината. Иако е модернист, Пијаде останал доследен на реалната форма до крајот на својата кариера. Историографијата го дели неговото сликарство во три периоди: I – темна 1910-1924, II – затвор 1925-1939 година. и III – светла 1939-1957 година.

Изработил околу 120 слики (од кои повеќето се изгубени) и стотици скици и цртежи. Највредните слики се во Народниот музеј и Музејот за современа уметност во Белград.

Информации земени од:

https://sr.wikipedia.org/wiki/

https://en.wikipedia.org/wiki/Mo%C5%A1a_Pijade

Фотографија со Тито за време на Втората светска војна
Фотографија со Тито за време на Втората светска војна

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Where-is-the-grave-of-Gerard-Chowne
Приказни

Каде е гробот на Џерард Чаун?

За некои сликари, Македонија била нивната крајна дестинација. Џерард Хенри Тилсон Чаун (1875 Индија – 1917 Македонија) е британски сликар што се школувал на школата

Повеќе »

Следете не