Џозеф Денован Адам јуниор (1881-1935), Шкотланѓанец

Штотски сликар на животни, син на Џозеф Денован Адам (1841-1895) исто така познат сликар на животни од Шкотска. Студирал на Школата за уметност во Глазгов 1897-1899 но исто така земал часови од татко му, со кого работел заедно во селото Craigmill Farm во Шкотска. Во Глазговското Школо на уметност е забележано дека Адам е одликуван за неговата воена служба за време на Првата Светска војна.

За време на Големата војна, очигледне е дека Адам служел во Македонија, каде што го насликал маслото на платно „Македонија Варда фронт (Macedonia Varda front)“ продадено од аукциската куќа 1818 од Кумбриа, северозападна Англија на 08/10/2020 (објект број 448). Најверојатно станува збор за битката на британската армија со германско/бугарската армија во близина на селото Евзони (Гевгелиско) во Егејска Македонија.

Џозеф Денован Адам (1881-1935) Македонија „Варда“ фронт, масло на платно
Џозеф Денован Адам (1881-1935) Македонија „Варда“ фронт, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не