Роден во Алжир на 23.10.1861 починал во Марлот, Франција во Март 1932. Арман Поинт бил многу познат Француски симболистички сликар и дизајнер. Ја започнал својата уметничка кариера цртајќи Алжирски сцени од детството, доловувајќи Ориентални композиции, како што се пазари и музичари, со препознатлива прецизност. Во 1888 оди за Париз да студира сликарство на Академијата на Ликовни Уметности, во класата на Аугуст Херст и Фенанд Кормон. Изложувал во Национално Друштво на Ликовни Уметности од 1890та година. Во 1893та ја формира значајната уметничка група Haute Claire во близин ана Фонтаинблу, која станува центар на Францускиот симболизам и во која членуваат врвни симболисти како на пример Оскар Вајлд, Одилон Редон, Стефан Маларм и Стуарт Мерил. Неговите слики можат да се најдат во музејот Д’Орси во Париз. Арман Поинт ја посетил Македонија за време на Големата Војна во 1916 кога го нацртал акварелот “Носач на вода, Лерин„, продаден од аукциската куќа Ader Remy од Париз, на 05.12.2007 (објект број 52).
Приказни
Каде е гробот на Џерард Чаун?
За некои сликари, Македонија била нивната крајна дестинација. Џерард Хенри Тилсон Чаун (1875 Индија – 1917 Македонија) е британски сликар што се школувал на школата