Роден на 17.09.1909 во село Разпоповци, починал во 1991 во Софија. Дипломирал на Ликовната Академија во Софија ан отсек сликарство во 1931 во класата на Проф. Никола Маринков. Во периодот 1931-1947 е учител во Елена, Пловдив. Од 1931 па до 1976 е професор на Ликовната Академија во Софија. Сликал фигуративни композици, пејсажи, портрети и историски сцени. Организирал 4 самостални изложби во Бугарија. Неговите слики се наоѓаат во колекцијата на Музејон на Воена Историја во Софија, како и во голем број приватни колекции. Неговите слики секогаш биле популарни и се репродуцирани во голе борј учебници, календари и магазини.

Иван Петров бил во Македонија во периодот на Втората Светска Војна, каде што насликува неколку масла на платно кои го прикажувале животот на Македонските селани. Еден пример од таа серија е сликата “Македонска жетварка„ продадена од аукциската куќа Викторија од Софија.

Македонска жетварка, масло на платно
Македонска жетварка, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не