Роден во Разград во 1903, завршил сликарство на Ликовната Академија во Софија во класата на Никола Маринов во 1926та година. По дипломирањето , ги продолжува студиите во Минхен во школото на професор Хаинрих Ман во периодод 1926-1928. Во 1930тите години имал студиски патувања во Франција и Италија. Од 1941вата година е предавач а по 1946та и професор на Ликовната Академија во Софија. Илија Петров игра значајна улога во образувањето на Бугарските сликари од помладата генерација. Неговото име денеска го носи Лметничката Гимназија во Софија.

Илија Петров бил активен во Пиринска Македонија околу 1940та година. Бил познат сликар на портрети и еден портрет од тој период е портретот на Македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров, продаден од аукциската куќа Викторија, Софија на 12.10.2009 ( објект број 1001)

Портрет на Н.Ј. Вапцаров, туш
Портрет на Н.Ј. Вапцаров, туш

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не