Константинос Партенис (грчки: Κωνσταντίνος Παρθένης; 10 мај 1878 – 25 јули 1967) бил истакнат грчки сликар, роден во Александрија. Во неговата уметност, Партенис ја прекинал грчката академска традиција од 19 век и вовел модерни елементи заедно со традиционални теми, како на пример фигурата на Христ.

Константинос Партенис е роден во мајка Италијанка и татко Грк во Александрија, Египет. По краток период на студии во Италија, студирал од 1895 до 1903 година на Ликовната академија во Виена под раководство на Карл Вилхелм Дифенбах. Партенис припаѓал на уметничката група „Хуманитас“, основана во 1897 година од Дифенбах на „Химелхоф“ во Обер Санкт Веит и станал јадрото на раното алтернативно движење. Партенис истовремено посетувал и на часови по музика на Конзерваториумот во Виена. Неговата прва самостојна изложба била во Boehm Künstlerhaus  во Штутгарт во 1899 година. По студиите во Виена, се преселил во Париз во 1903 година, а потоа живеел во Грција, каде што работеше како иконописец. Во 1907 година, тој ја насликал  црквата на Св . Ѓорѓи во Виена. Бил активен како иконописец на длабока религиозност, но исто така неговиот стил се разликувал од традиционалното ссликарство на икони. По учеството на Венециското биенале во 1938 година, италијанската влада купила едно од неговите дела.

По седумгодишниот престој во Виена, Партенис пристигнал во Атина за прв пат летото 1903 година за да учествува на меѓународната изложба во Атина, каде што му била доделена сребрена диплома. Неговите први грчки пејсажи датираат од тоа време. Следната година патувал четири месеци во регионот на Македонија, кој сè уште бил под османлиска власт, можеби поради македонските корени на неговиот татко. Таму, направил многу пејзажни слики, вклучително и погледи на планината Пангајон (македонско име: Кушница) во близина на Кавала, во нео-импресионистички стил. (1)

Едно од неговите македонски дела е пуштено во продажба од британската аукциска куќа Bonhams London, New Bond Street со наслов „Планински пејзаж, Македонија“ масло на платно 18 x 18cm, објект број 20 на 18 ноември 2020 година. Сликата била дадена како личен подарок од сликарот кон грчката сликарка Софија Ласкариду, која Партенис ја сретнал во Париз во 1901 година, кога таа студирала на ликовната академија Жулиард.(4)

Извор на информации:

Wikipedia: https://en.wikipedia.org/wiki/Konstantinos_Parthenis

Bonhams auction, November 2020: https://www.bonhams.com/auctions/26246/lot/20/

  • Pinakothiki journal, December 1904, p. 198. See E. Mathiopoulos, “Costis Parthenis” [in Greek] in Costis Parthenis, Epta Imeres – Kathimerini weekly magazine, July 27, 1997, p. 4; The Greek Painters, vol. II, 20th Century, Melissa editions, Athens 1975, pp. 14, 19, 29; E. Mathiopoulos, The Life and Work of Costis Parthenis [in Greek], K. Adam editions, Athens 2008, p. 36.

3 – See E. Mathiopoulos, “Costis Parthenis” [in Greek] in Costis Parthenis, Epta Imeres – Kathimerini weekly magazine, July 27, 1997, p. 3,

4  – D. Iliopoulou-Rogan, Sophia Laskaridou (1882-1965) [in Greek], Livanis editions, Athens 2007, pp. 36, 47.

Константинос Пантенис ( 1878-1967), Планината Пангајон (Кушница), Македонија, 1904, масло на платно 18 х 18 цм.
Константинос Пантенис ( 1878-1967), Планината Пангајон (Кушница), Македонија, 1904, масло на платно 18 х 18 цм.

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Gustav Wunderwald (1882-1945) “Авто портрет” масло на платно
Приказни

Вундервалд

          Берлин 24 јуни 1945 година. Поминаа 53 дена од крајот на Битката за Берлин. Руската црвена армија ја порази одбраната

Повеќе »

Следете не