Роден во Гаислинген, починал во Улм, стодиран на Ликовната Академија во Минхен и Штутгарт. Бил Германски воен сликар за време на Првата Светска Војна. Својата војна кампања, ја започнува како доброволец во артиљериската дивизија во Италија, а во 1916 пристигнува во Македонија во склоп на Баварската пионерска компанија. Тука добива наредба од Германската команда на Македонскиот фронт „како воен сликар да направи книга која преку богати илустрации ќе раскажи каква е линијата на фронтот, во воена, културна или прородонаучна смисла“ ( цитат земен од Германскиот весник Ulmet Tagblatt, 23.12.1933). Неговото Македонско творештво е документирано и опишано во книгата „Von Bildhauern und Malern der Künstlergilde Ulm“ објавена во 1929та година.

 

Неколку примери од ноговиот Македонски период:

  • Масло на платно: “Скопје (Ушкуб) сцена од пазарот„ која што беше продадена од Аукциската куќа Dusseldorfer Auktionhaus во Дизелдорф, Германија , во Мај 2006та (објект бр.1).
  • Изложбата „Импресии 1914-1918, Ричарт Ајх“ во галеријата “Kultur Kreis Sulzfeld (kulturkreis-sulzfeld.de) оджана од 8ми до 29ти Април 2018.

 

После војната, Аих работи како портрет и фасаден сликар, сликајќи згради во западно Германските градови, на пример фасадата на градската куќа во Улм.

Скопје (Ушкуб), пазар 1918, масло на платно
Скопје (Ушкуб), пазар 1918, масло на платно
Импресии 1914-1918, Изложба на воени цртежи, Сулзфелд, Германија Април 2018
Импресии 1914-1918, Изложба на воени цртежи, Сулзфелд, Германија Април 2018

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не