Пјер Комбет-Дискомбе (1885 – 1966), Французин

Роден и починат во Лион. Пјер Комбет-Дисцомбе е третиран како еден од најважните Француски фаувисти и многу важен Лионски сликар. Студира сликарство на Ликовната Академија во Лион помеѓу 1900-1905. Започнува со изложби во Париз и Лион во 1905та. Ја декорира салата за венчавки во Лион. Како член ан групата  Ziniar учествива во основањето на Југо-источниот Салон, со кого преседава од 1933 до 1955. Во 1952 станува член на Лионската Академија на Науки и Уметности.

Пјер Комбет-Дискомбе ја посетува Македонија за времето на Големата Војна помеѓу Јануари 1916та и средината на 1917, каде што служи во санитарната единица лоцирана во источен Солун. Изработува голем број на цретежи, скици, акварели и масла на платно , кои што со себе ги понесува во Лион во 1917та. Еден пример оф овој Македонски период е маслото на платно насловено “Жена крај фонтаната, Солун 1917„ продадено од страна на аукциската куќа  Anaf-Martinon во Лион, Франција на 11ти Април 2005 ( објект број 229) за 2500 евра. Уште еден пример е маслото на платно насловено “Жена со превез, 1916„ продадено од аукциската куќа  Mathias-Millon-Robert (S.V.V.) во Париз, Франција на 21ви Јуни 2005 ( објект број 89) за 4100 евра.

Жена крај фонтаната, Солун 1917, масло на платно
Жена крај фонтаната, Солун 1917, масло на платно
Жена со превез 1916, масло на платно
Жена со превез 1916, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не