Син на математичарот Хорас Ламб, роден е во Аделаида Јужна Австралија, но се преселува во Манчестер во 1885 година. Го посетува Граматичкото Школо во Манчестер и започниво со медицинска обува на Колеџот Овен (денес дел од Универзитетот на Манчестер). Во 1905 ги напушта медицинските студии и оди во Лондон каде што се запишива на Луковното Школо во Челзи. Во следните неколку години неговите слики добиваат позитивни критики, меѓу кои и “Смртта наСеланецот и Рибарот„. Станува добар пријател на Аугустус Џон и Лајтон Стрејчи. Во тоа време Ламб и Џон живеат заедо со Дорелија МекНил на Алдернеи Мејнор во Пул. Бил припадник на сликарите на Камден  Таун (Англиски пост-импресионисти помеѓиу 1911-13). Во 1913 се запознава со Стенли Спенсер и и истовреме длабоко се импресионира од неговите визионерско слики.

Со почетокот на Првата Светска Војна, Ламб е понесен од патриотските чувства и се раќа кон медицината. Тој и Спенсер се придружуваат на Кралските Армиски медицински трупи. Ламб е пратен во Франција каде што работи во Болницата Касино. Во Ноември 1915 се враќа во Англија, каде што ги завршува медицинските студии. Во Септември 1916та, Ламб е испратен како член на Нортумбиската Полска Амбулантна единица во Солун, Македонија. Во МАрт 1917 е унапреден во капетан и преместен е во петтиот батаљон на Кралската Пешадија каде што учествива во битки на Блискиот Исток. По војната, станува реномиран сликар на портрети. Особено се издвојува портретот на Евелин Вон и членовите на Блумсбури групата.

Заедно со Стенли Спесер, Хенри Ламб е најзначајниот Британски воен сликар од Македонскиот фронт. Неговите цртежи, скици, акварели и слики од Македонскиот фронт постигнуваат многу високи цено по реномираните светски аукционерски куќи. На пример, акварелот насловен како “Трупите се бањаат во Македонија е продаден од аукциската куќа Christie’s во Лондон на 13.06.2002 за 4200 Британски фунти (објект број 236). Неговите слики  се наоѓаат во најпрестижните ликовни музеи и галерии во Велика Британија и Европа.

Напредна соблекувална - станица во Струма 1916 масло платно
Напредна соблекувална - станица во Струма 1916 масло платно
Војнички трупи во Македонија 1918 година
Војнички трупи во Македонија 1918 година
Војници на капење - Македонија 1917 год.
Војници на капење - Македонија 1917 год.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не