Алис Рох (15 јануари 1876 година – 7 април 1957 година) била американски автор и новинар. Станала писателка на весници во 1890-тите а потоа се се приклучила на Тета Сигма Фи, првото американско здружение за жени во новинарството. За време на Првата светска војна, Рох работи како прва жена шеф на канцеларијата во странство за главна американска служба за печат во Рим.

Алис Рох е родена на 15 јануари 1876 година во Лоренс, Канзас, САД. Била ќерка на Адам и Алис Парк Рох и е постарото од двете преживеани деца Рох. Нејзината сестра ја добила името Маргарет, а нејзиниот татко бил уметник за цртање за време на Граѓанската војна.

Од 1892 до 1896 година, Рох се образувала на Универзитетот во Канзас. Јуни 1895 година, работи како основачки уредник на училишниот неделен весник. Таа исто така станува членка на братството на жените Пи Бета Фи.

За време на првата светска војна, известува од Италија за „Јунајтед прес“. Пишувала за кнежевството на „Сан Марино“, кој служи како еден од најмалите сојузници на Америка. Била уапсена за шпионажа двапати, но секој пат била ослободена. Подоцна коментар на Џорџ Крел ја опишува како „доброволец“ што подразбира дека можеби служела како шпион.

Во 1935 година, Рох се вратила во Соединетите држави. До смртта, живеела со семејството на нејзината сестра во Њујорк, кога починува на 7 април 1957 година. Ги оставила собраните етрурски предмети на Универзитетот во Канзас.

На крајот на Првата светска војна, Рох учествуваше на Балканското истражување како член на Одделот за публицитет на Црвениот крст, пишувајќи за испорака на помош во Грција, Македонија, Руманија и Константинопол и зборувајќи восхитувачки за доказите за феминизмот и женската јачина на карактерот.

Некои од повоените написи на Рох ги покажуваат нејзините воени искуства. Во 1920 година, ја напишува патеписната сторија од Егејска Македонија  „Snaps of Macedonia“ во Травел, илустрирана со свои и други фотографии. Во натписот таа ги опишува вековните страдања на луѓето од сите возрасти кои го чувствувале во оваа област, каде што поминувале освојувачи уште од Римската империја. Таа го спомена градскиот кажувач на вести кој ги исвикувал вестите во градот  каде немало весници и истакна дека кога градските вдовици „поминале во црна облека, каде што нивните сопрузи биле обесени од Бугарите, жените не застанале да слушаат – вестите веќе немаат интерес за нив “.

Информации земени од:

https://loc.gov/

https://en.wikipedia.org/

https://picryl.com/

https://picryl.com/

Алис Рох (1876-1957) „Слики од Македонија“ , фотографии, 1920, објавено во магазинот Травел ( Патување) Robert McBride & Company, 1920, vol. 35, no. 1, стр. 11
Алис Рох (1876-1957) „Слики од Македонија“ , фотографии, 1920, објавено во магазинот Травел ( Патување) Robert McBride & Company, 1920, vol. 35, no. 1, стр. 11
Алис Рох (1876-1957) „Слики од Македонија“ , фотографии, 1920, објавено во магазинот Травел ( Патување) Robert McBride & Company, 1920, vol. 35, no. 1, стр. 13
Алис Рох (1876-1957) „Слики од Македонија“ , фотографии, 1920, објавено во магазинот Травел ( Патување) Robert McBride & Company, 1920, vol. 35, no. 1, стр. 13

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Gustav Wunderwald (1882-1945) “Авто портрет” масло на платно
Приказни

Вундервалд

          Берлин 24 јуни 1945 година. Поминаа 53 дена од крајот на Битката за Берлин. Руската црвена армија ја порази одбраната

Повеќе »

Следете не