Роден во Париз на 10.06.1873. Жорж Скот (Французин, и покрај тоа што името му звучи Англиско) бил син на гравер и илустратор. Бил студент на Ед. Детаил. Ја започнал својата кариера во 1890тите каде што работел како воен кореспондент за магазинот  L’Illustration за време на Балканските војни во 1912-13. Кога започнала Големата Војна во 1914, бил мобилизиран во Француската Армија и продолжил на работи како уметник-илустратор за истото реномирано списание, продуцирајќи голем број на денес познати илустрации од Големата Војна.

Жорж Скот работел од направени скици и фотографии што претходно ги правел на бојното поле и илустрирал голем број херојски моменти.  Повеќето негови креации биле печатени на насловната страница или на екслузивно дво-странично место во магазинот L’Illustration и за време на Шпанската Граѓанска Војна, на 65 годишна возраст,  како и подоцна за време на почетокот на Втората Светска Војна. Голем број на негови дела со во Армискиот Музеј во Париз.

Жорж Скот ја посетил Македонија околу 1913та година, за време на Балканските војни, каде што продуцирал серија на акварели и масла на платно од Пиринска Македонија, по прецизно сцени од Бугарско-Грчките битки околу Кресна околината. Еден пример е маслото на платно насловено “Премин преку реката Струмион кај Кресненската висина, Јули 1913„ кое е во колекцијата на Националниот Историски Музеј во Атина, Грција. Два слични акварели насловени “Грчки војник кај Кресна„ и “Грчки Војници кај Ливоуново 1913„ се продадени од аукциската куќа Drouot-Richelieu во Париз, Франција на 22.03.2010 (објект број 77)

Премин преку реката Струмион на Кресненската Висина, 1913, масло на платно
Премин преку реката Струмион на Кресненската Висина, 1913, масло на платно
Грчки војници кај Кресна 1913, акварел
Грчки војници кај Кресна 1913, акварел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не