Роден на 30.06.1891 во Кукхам, Беркшир, починал на 14.12.1959 во Клајвден, Сер Стенли Спенсер е водечки Британски воен сликар од двете големи војни. Неговите дела се примарно поврзани со религиозни асоцијации и се претежно надреални во стилот. Стенли Спенсер бил ученик на познатала ликовна школа  Слејд на 17 годишна возраст. Бил селектиран од Кралската Ликовна Академија во 1950та и прогласен за Витез во 1959та година. Неговиот брат, Гилберт Спенсер (1892-1979) бил исто така проминентен воен сликар.

Кога започнала Првата Светска Војна, Стенли Спенсер волонтира во 1915та година во Кралските Болнички единици и работи во болницата Бјуфорд во Бристол. Во 1916  година е испратен како болничар во Македонија, како дел од 68мата Полска Амбулантна единица.

Војната во Македонија му остава траен впечаток. Во едно писмо до својот пријател Хенри Ламб (кој е исто така Британски воен сликар кој служел во Македонија) го опишува своето болничарско искуство: “Две стотини или повеќе пациенти секојдневно доаѓаат на сред ноќ. Ова е вознемирувачко и бучно. Само што ќе се навикнеш на пациентите кои ги имаш, со ментално и имагинативо визуализирање на нивните лица, морам да ги поместам пациентите со нивните кревети во друг оддел или во операциската сала.„.

Во Македонија поминува две и пол години, и покрај тоа што неколкупати бара да биде преместен на запад како воен сликар. Најпосле зе враќа назад, но само поради тоа што заболел од маларија во 1918та година. По неговото враќање, бил најмен од Комитетот на Воени Уметници да ја наслика познатата “Носилата пристигнуваат со Ранети во Собирната Станица во Смол , Македонија, Септември 1916„ (денсе оваа слика е во Империјалниот Боен Музеј во Лондон, Грчкото име на Смол е Μικρό Δάσος). Ова е најпознатот о дела на овој сликар.  Очигледно сликата е последица на неговото болничко искуство. Јасно ги отсликува ужасите на војната низ кој Спенсер поминал. Ја насликал оваа впечатлива слика од памтење затоа што ги загубил скиците на фронтот. Сликата претставува сцена погледната од височина на носилките со ранети војници од 22рата Дивизија кои се бореле во Бугарија. Носилките симболично доаѓаат од сите страни кон јарко осветлена операциона сала. Постои оштар контраст помеѓу груботе носилки влечени од мазги и операциониот стол каде што ранетиот човек е анестизиран со етер. Интензитетот на сликата е нагласен со детаљи на рецете, изгужваните кебиња и животните кои што очигледно се уморни исто колку и луѓето. Растревожен од стварањето на ова дело, Стенли Спенсер ги одбива сите следни понуди да нацрта другс слика од неговите престој на Балканот.

Неговата симпатија кон ранетите и мртвите војници имала најголемо влијание на овој уметник. Сликал слики со нив и за нив. За да им го оттргне вниманието од војната, го менува својот стил, од претежно религиозен кон реалистичен. Денес овие цртежи и скици од ранетите војници во Македонскиот фронт достигнуваат баснословни цени на водечките светски аукциски куќи.

Носилата пристигнуваат со ранети на собирната станица во Смол, Македонија 1916 Во колекција на Империјалниот Воен Музеј, Лондон, масло на платно
Носилата пристигнуваат со ранети на собирната станица во Смол, Македонија 1916 Во колекција на Империјалниот Воен Музеј, Лондон, масло на платно
Подигањето на војниците, 1916, Македонија молив
Подигањето на војниците, 1916, Македонија молив
Воена студија на војници и Војниците си ги перат алиштата, Македонија 1916, молив
Воена студија на војници и Војниците си ги перат алиштата, Македонија 1916, молив
Воена студија на војници и Војниците си ги перат алиштата, Македонија 1916, молив
Воена студија на војници и Војниците си ги перат алиштата, Македонија 1916, молив
Војниците собираат камења, Тодорово Македонија 1916, молив
Војниците собираат камења, Тодорово Македонија 1916, молив

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не