Виенскиот фотограф д-р Јозеф Секељ (1838-1901) е роден во Сомег во близина на езерото Балатон во западна Унгарија и завршил училиште во Шомбабли. Потоа студирал на Универзитетот во Виена и дипломирал во 1860 година со магистерски студии по фармација и во 1862 година со докторат по хемија. Предавал на универзитетот некое време, но потоа, отворил фотографско ателје во Хајнрихшоф во близина на Виенската опера, при што станал професионален фотограф со значителен углед. Во 1867 година ја освојува бронзената награда на Светскиот саем во Париз, а во 1878 година освојува сребрен медал во Париз.

Јозеф Секељ e фотограф во експедицијата од 1863 година на германскиот научник и патеписец Јохан Георг фон Хан (1811-1869) по течението на реката Црн Дрим, која тргнала од Албанија, минала низ Дебар (каде што прави 2 фотографии), Струга (Калишта), Охрид (останува 10 дена и прави 11 фотографии), Монастир (Битола), Велес, Демир Капија (Железна порта) до Солун на Егејот.

Овие фотографии од 1863 година се најрани познати фотографии од Македонија. За жал, објавувањето на фотографиите се покажало премногу скапо за Виенската академија на науките и тие биле изоставени од извештајот што Хан го објавил за експедицијата во 1867 и 1869 година. Како резултат на тоа изоставување, колекцијата Секељ, која е меѓу најраните фотографии досега направени на јужниот Балкан , паднала во заборав. Во 1889 година, тринаесет од фотографиите биле публицирани во томот Makedonien und Alt-Serbien (Македонија и Стара Србија) од Спиридион Гопчевиќ (1855-1936), но тие не биле препишани на Секељ и биле објавени без датум. После тоа, колекцијата исчезнува повеќе од еден век, за да биде повторно откриена во австриската национална библиотека во 2000 година од Марк Коен. Колекцијата „Секељ“ за прв пат била објавена во албумот „Записи со светлина: Рано фотографирање на Албанија и Југозападен Балкан“, Приштина 2007 година. Фотографиите сега се архивирани во Bildarchiv (архива на слики) на австриската национална библиотека во Виена (www.bildarchiv.at )

Текстот и фотографиите за овој напис се земени од:

http://www.albanianphotography.net/szekely/

Џамија Света Софија 1863
Џамија Света Софија 1863
Џамија Света Софија 1863
Џамија Света Софија 1863
Охрид 1863
Охрид 1863
Охрид 1863
Охрид 1863
Охрид Калишта 1863
Охрид Калишта 1863
Охрид Каneo 1863
Охрид Каneo 1863
Дибра (Дебар) 1863
Дибра (Дебар) 1863

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Gustav Wunderwald (1882-1945) “Авто портрет” масло на платно
Приказни

Вундервалд

          Берлин 24 јуни 1945 година. Поминаа 53 дена од крајот на Битката за Берлин. Руската црвена армија ја порази одбраната

Повеќе »

Следете не