Принцот Албрехт од Урах (германски: Fürst Albrecht von Urach, Graf von Württemberg) (18 октомври 1903 – 11 декември 1969) бил германски благородник, уметник и воен автор, новинар, лингвист и дипломат1). Бил трет син на Вилхелм Карл, војводата од Урах (1864-1928), германски генерал во Првата светска војна, кој накратко бил избран за крал на Литванија. Неговата мајка била Амалија (1865-1912), ќерка на Карл-Теодор, војводата во Баварија и внука на царицата Елизабета од Австрија. Сестрата на Амалија била кралица на Белгијците. Живееле во Штутгарт и во замокот Лихтенштајн и честопати биле во посета на Монако пред 1914 година. Мајка му на татко му била принцезата Флорестин од Монако (1833–98) и затоа бил именуван по нејзиниот внук, принцот Алберт Први од Монако. Семејството фон Урах требало да бидат наследници на тронот на Монако, но Франција претпочитала француско наследство на Монако. Во подоцнежниот живот во 1930 година, Албрехт фон Урах неуспешно се обидувал да го убеди француското Министерство за надворешни работи да го прифати како легитимен наследник на тронот на Монако.

          После германскиот пораз во 1918 година, Албрехт студирал уметност во Штутгарт под раководство на Арнолд Валдшмит и Кристијан Ланденбергер, а потоа во Париз на Académie de la Grande Chaumière во 1927-30 година, развивајќи експресионистички стил. Изложувал во галериите Лестер и Редферн во Лондон, Галеријата Бонапарта во Париз и Бломквист во Осло, но не можел да заработи за живот од сликарството со почетокот на Големата депресија и се хонорарно се занимава со фотографија. Неговите уметнички пријатели биле познатите сликари Вили Баумистер и Фернан Лежер. Неговата уметничка кариера продолжила во 1950-тите години.

          Во април 1934 година живеел во Венеција и случајно ја фотографираше првата тајна средба на Мусолини и Хитлер, и како реакција на неговите фотографии избувнал јавен митинг на плоштадот Сан Марко. Оваа хонорарна работа Албрехт ја претворил во постојана позиција на новинар со седиште во Токио од септември 1934 година, покривајќи ја кинеско-јапонската војна. За да остане новинар, морал да се приклучи на нацистичката партија во 1934 година. На почетокот на 1939 година се вратил во Европа и бил испратен во Рим како службеник за во Министерството за надворешни работи задолжен за врска помеѓу помеѓу германскиот и италијанскиот печат

          Во периодот 1940-1943 година, нацистичката партија го сметала за екстерт за Далечниот исток и го праќала во тајни мисии во Азија, за да го следи напредокот на Јапонија во војната. Кога воената среќа и го свертела грбот на нацистичкиот, Албрехт бил очаен да ја напушти Германија. На почетокот на 1944 година успеал да биде назначен за аташе за печатот во Германската амбасада во Берн, Во мај 1945 година, бидејќи Германската Амбасадата веќе не претставувала држава, целиот персонал на Германската амбасада бил протеран во француски контролираниот дел на Германија и бил интерниран на распит до 1946 година. Во периодот 1946-48 година, германскиот суд го обвинил фон Урах за создавање и ширење на нацистичка пропаганда и за членство во нацистичката партија. Алберх се извинил и ги избегнал санкциите, додека неговите претпоставени беа гонети во Нирмбергскиот Процесс во 1948 година. Во 1947-67 година Албрехт фон Урах ја продолжил својата кариера како уметник и хонорарен новинар.

Беше назначен за главен аташе за печатот во Мерцедес Бенц во Штутгарт во периодот 1953-67 година, каде што бил директор неговиот постар брат Вилхелм. Зборувал многу јазици и оваа функција добро му легнала. Заеднички е заслужен за развој на дизајнот на легендарниот модел Mercedes-Benz 300 SL.

Како сликар, во периодот 1933/1934 година, Албрехт или Урах патувал низ Албанија, Југославија и Бугарија2) каде што насликал серија цртежи со молив и боички. Неколку од овие цртежи беа направени во Битола и продадени од аукциската куќа Клос3), на 5-ти мај 2021 година,

Албрехт фон Урах (1903-1969), Премин во Битола 1933/34, молив и боички на хартија
Албрехт фон Урах (1903-1969), Премин во Битола 1933/34, молив и боички на хартија
Албрехт фон Урах (1903-1969), Премин во Битола 1933/34, молив и боички на хартија
Албрехт фон Урах (1903-1969), Премин во Битола 1933/34, молив и боички на хартија
Албрехт фон Урах (1903-1969), овчарка од Балкан 1933/34, молив на хартија
Албрехт фон Урах (1903-1969), овчарка од Балкан 1933/34, молив на хартија

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не