Роден на 20.05.1878 во Радеформвалд, починал на 23.03.1976 во Радеформвалд, Германија. Го започнал своето ликовно образование во приватното училиште на П.П. Бернхард во Бармен помеѓу 1902-1905.Кратко време работел како дизајнер на мостри во фирма за тапети. Од 1907 до 1911 студирал уметност на часовите кај професорите Лудвиг Фаренкрог и Густав Витхучтер. Го продолжува образованието на Ликовната Академија во Дизелдорф помеѓу 1911 и 1913. Помеѓу 1913 и 1914 студира сликарство во Париз, каде што подпаѓа под влијание на Францускиот импресионизам, особено под стилот на Пол Сезан.

Со почетокот на Големата Војна, регрутиран е во Германската Армија и испратен во Македонија како официјален воен сликар помеѓу 1914-1918. За жал, многу малку дела се останати од овој важен ликовен период на овој сликар. Постои галериски запис од 1916 кој потврдува дека изложил 13 масла на платно и 10 графички дела до својот воен период во галерија во градот Бармен. И покрај тоа што бил воен сликар, всушност сликал Македонски пејсажи и сцени. Војните години му го менуваат стилот, Велерсхаус прави нагол свиок кон експресионизмот и социјални теми. Во 1919 заболува од маларија и е ослободен од Македонија и се враќа во Германија.

Во 1920тите години бил ко-основач на важната ликовна група “Сецесионсти од Рајна„ кои се движеле кон авантгардните стилови кои го привлекле вниманието на  прогресивната ликовна јавност во Берлин .Најчесто сликал сцени од своето село Радеформвалд, но не на начинот како што сакала растечката  национал-социјалистичката Германска партија. Во 1940 неговата уметност е лабелирарна како “Дегенерирана„ и е повлечена од јавноста. После војната, продолжува да живее и работи во Радеформвалд. Добитник е на голем број награди се до својата смрт во 1976.

 

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не