Џорџ Сапер Бејн (1881-1968) Британец / Шкот

Џорџ Бејн е познат како “Татко на модерниот Келтски дизајн„. Роден е во Скрабстер на северот од Шкотска, образован во Единбург. Во 1951 ја издава својата најпозната книга “Келтска Уметност – Методи на Конструкција„ Ретроспективна изложба на неговите дела беше одржана во музејот Groam House во Росемарки во 1978, а потоа и ретроспективна изложба во Кралскиот Музеј во Единбург во 2001вата.

Џорџ Бејн служи воен рок на Солунскиот фронт за време на последните две години Првата Светска Војна во Инжинерската единица. Во тој период креира графики и цртежи со Македонски мотиви. Цртежите од Македонија се наоѓаат во колекцијата на музејот Groam House (http://www.groamhouse.org.uk/index.asp?pageid=670965 ) После војната, работи како  Главен учител по иметност, во школото Киркалди во Фајф, Шкотска.

Неколку примери на негови Македонски дела:

  • Бакрорез насловен „Воловска кола, Македонија“, продадена на авторот од овој лексикон на 15ти Март 2017 од Аукциската куќа МекТеарс, Глазгов , Шкотска ( објект број 109)
  • Бакрорезот насловен “Македонец„ кој што е продаден од страна на аукциската куќа Shapes во Единбург, на 1ви Јули 2000 (предмет број 412).
  • Околу 64 акварели со Македонски мотиви од Солунскиот фронт се наоѓаат во уметничката колекција на музејот Groam House во Rosemarkie,  Шкотска.
  • На крај, последен пример од неговиот Македонски период е акварелот насловен „Вегидор, Вардар, Македонија“, продаден на авторот од овој лексикон на 15ти Август 2017, од аукциската куќа Андерсон и Гарланд од Вестерхоуп, Велика Британија (број 133).
Воен камп/ долина, Солун 1918, акварели
Вардар Македонија 1918, акварел
Вардар Македонија 1918, акварел
Воловска кола, Македонија 1928, бакрорез
Воен камп/ долина, Солун 1918, акварели
Воен камп/ долина, Солун 1918, акварели

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не