Роден во Авињон, починал во Анжерс. Француски скулптор и дизајнер, претставник на Францускиот Belle Epoque стил. Бајол е еден од најпознатите дизајндери на карусел вртелешки. За време на Големата Војна бил во Солун, каде што изработува цртежи и акварели. Аукциската куќа Neret-Mignet & Tessier во Париз, го продала цртежот “Џамија во Солун 1917„ на 15ти Октомври 2003 ( објект број 7), како и акварелот “Солун 1919„ во 2006 та година. Два акварела: Девојки од Полог, Македонија 1917 и Девојка од Солун 1917 се во сопственост на авторот на овој лексикон.

Приказни
Каде е гробот на Џерард Чаун?
За некои сликари, Македонија била нивната крајна дестинација. Џерард Хенри Тилсон Чаун (1875 Индија – 1917 Македонија) е британски сликар што се школувал на школата