Роден на 15ти Јули 1896 во Виена, починал на 26ти Септември 1960 во Виена. Започнува со изложување во 1919 во Лиговното стружение. Во 1920 станува член на Виенскиот “Sonderbund” а во 1930 член на Виенскиоте Сецесионисти. Патува во Далмација, Палестина, Тунис, Јужна Америка, Перу, Чиле, Колумбија и Норвешка. Неговите слики се наоѓаат во Историскиот Музеј на Виена, Австриската Ликовна Галерија во Виена, музејот Албертина и Мајнхеим, и музеите на Бремен и Нирнберг во Германија. Признат е и на домашно и на интернационално ниво. Добитник е на сребрениот медал на Геррманската ликовна изложба во 1928 и на Австриската Национална награда во 1932.

Ернст Хубер ја посетил Егејска Македонија, поточно Костурскиот регионот во 1920 како деј на неговите медитерански патувања. Изработил серија акварели со пејсажи од Костур. Еден акварел од оваа серија е продаден од аукциската куќа  Wiener Kunstauktionen, во Виена на 21-05-2000 ( објект број 475).

 

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не