Бранко Радуловиќ (1885-1916), Србин/Босанец

Важен Босански импресионист. Роден во Мостар 26.05.1885, починал во Скопје 1916. Студирал сликарство во Српската Цртачка Школа под водсво на Риста и Бета Вукановиќ. Подоцна се сели во прага каде што дипломира на Академијата за Ликовни Уметности во 1911. Бил ученик на Влахо Буковац и професор Женишек. Се бавел и со музика и пишувал музички критики. На почетокот од 1912та година заминува за Париз каде што се дружи со Надежда Петровиќ и развива силни импресионистички тенденции. Се враќа во Србија како воен доброволец во Српската армија во Балканските војни. Во 1913 се враќа во Париз, за да повторно се врати во Србија како доброволец во Првата Светска Војна. Се разболува во Скопјекаде што умира во 1916та година.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Where-is-the-grave-of-Gerard-Chowne
Приказни

Каде е гробот на Џерард Чаун?

За некои сликари, Македонија била нивната крајна дестинација. Џерард Хенри Тилсон Чаун (1875 Индија – 1917 Македонија) е британски сликар што се школувал на школата

Повеќе »

Следете не