Роден на 01.01.1889 во Кесареви крај Велико Трново, починал на 02.05.1954 во Софија. Бил значаен Бугарски сликар, писател и член на Бугарската Академија на Науки и Уметности по ослободувањето. Брат на керамичарот Стојан Раинов. Студирал сликарство во 1908та во Софија а потоа студирај филозофија во Софија во 1911та година.

За време на Првата Светска Војна, бил воен кореспондент од Македонскиот фронт. Во овој период продуцирал голем број на цртежи и илустрации кои ги прикажувале Македонските битки и предели.

После војната, дипломирал на Школото за Индустриска Уметност во Софија, и започнува да пишува и да уредува повење магазини. Познат е и како професо историја на уметност на Бугарската Ликовна Академија од 1927 до 1950 година. Член е на Бугарската Академија на Науки и Уметности од 1945та година.

Спомен од Криволак, 1915, молив и акварел
Спомен од Криволак, 1915, молив и акварел
Мост преку Црна река, 1915, молив и акварел
Мост преку Црна река, 1915, молив и акварел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не