Роден на 31.06.1906 во Пештера, Бугарија, починал на 10.07.1970 во Виена, Австрија. Студирај на Ликовната Академија во Софија во 1925 во класата на проф. Борис Митов и Никола Маринов. Ја започнал својата кариера со печатарска работа и неговата прва изложба била во 1933 во Куќата на Графиката во Софија. Добитник е на голем број награди (1936 Почесна диплома во Варшава, 1937 Злаетен Медан на Светскиот Саем во Париз), изложувал во Минхен во 1938. Во 1940 специјализира сликарство во Италија на Академијата во Фиренца во студиото на Феличе Карена. Од 1944 до 1970 одигрува водечка улога во по-военото Бугарско сликарско општество, работејќи на повеќе клучни позиции во разни ликовни и културни институции. Во истиот период работи како професор по графички уметности на Софиската Ликовна Академија.

Веселин Стаиков ја посетува Македонија за времето на Втората Светска Војна. Го изработува цртежот “Прилеп 1943„ кој денес е во колекцијата на галеријата посветена на овој уметник (www.vesselinstaikov.com) . Исто така учествува во Бугарската војска и во битката кај Страцин Македонија во 1944.

Прилеп 1943, цртеж со графит
Прилеп 1943, цртеж со графит

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не