Роден на 16.02.1887 во село Шипка, Бугарија, починал на 17.01.1963 во Минхен, Германија. Студирал сликарство во 1911 на Софиската Ликовна Академија во класата на професор Иван Мрквичка. Специјализирал по сликарство во Германија во периодот 1925-27 и во Франција во 1926. Бил исклучително продуцктивен сликар, организирал повеќе од 40 изложби. Најчесто сликал фигуративни композиции и пејсажи, меќу кои најпознати му се оне од околината на Шипка. Неговите дела се наоѓаат во Националната Галерија во Стара Загора и Софија.

Станјо Стаматов бил офоцијален воен сликар за време на Првата Светска Војна и патувал темелно низ Македонија во периодот 1915-1918. Во Јануари 2010 уметничката галерија Викторија во Софија организираше изложба на неговите воени Македонски акварели. Стаматов ја посетува Македонија исто и во Втората Светска Војна каде што продуцира најмалку една слика – Црквата Свети Наум во Охрид 1942 продадена од аукциската куќа Викторија во Софија. Неколку Македонски акварели се во колекцијата на авторот на лексиконов.

Кон Прилеп, 1915, акварел
Кон Прилеп, 1915, акварел
Кенали (Кременица, Битолско),Французите напаѓаат 1916, акварел
Кенали (Кременица, Битолско),Французите напаѓаат 1916, акварел
Премин преку Шара, акварел и изложбен постер од Јануари 2010
Премин преку Шара, акварел и изложбен постер од Јануари 2010
Премин преку Шара, акварел и изложбен постер од Јануари 2010
Премин преку Шара, акварел и изложбен постер од Јануари 2010
Мост во Струга 1915, акварел
Мост во Струга 1915, акварел
Охридско Езеро 1915, акварел
Охридско Езеро 1915, акварел
Пат кон Прилеп 1915, акварел
Пат кон Прилеп 1915, акварел
На фронтот во Струга 1918, акварел
На фронтот во Струга 1918, акварел
Село Извор, акварел
Село Извор, акварел
Српски заробеници во Струга 1915, акварел
Српски заробеници во Струга 1915, акварел
Црква Свети Наум, Охрид 1942, масло на панел
Црква Свети Наум, Охрид 1942, масло на панел

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не