Роден на 05.02.1890 во село Свиштов, починал на 23.06.1962 во Софија. Од 1905, живее во Франција каде што студирал на Академијата за Декоративни Уметности во Париз во класата на професор Пол Реноар и проф. Манжан. Танев е еден од нај проминентните Бугарски сликари. Имал повеќе од 28 соло изложби во Бугарија и 27 во Италија, Франција, Германија, Шпанија, Шведска, Романија, итн. Партиципирал на голем број колективни изложби во Бугарија истранство. Работел во разни стилови, но најмногу претпочитал сликање пејсажи.

Танев ја посетил Македонија за време на Првата Светска Војна  како официјален воен сликар. Два акварели од тој период “Манастирот Свети Архангел Михаил во Прилеп 1916„ и “Манастир Свети Јован на Охридско Езеро 1918„ се продадени од аукциската куќа Викторија во Софија.

Манастирот Свети Јован на Охридско Езеро, 1918, акварел.
Манастирот Свети Јован на Охридско Езеро, 1918, акварел.
Манстирот Свети Архангел Михаил во Прилеп 1916, графит
Манстирот Свети Архангел Михаил во Прилеп 1916, графит
Прилеп патот кон Велес 1916, молив, цртеж за илустрација
Прилеп патот кон Велес 1916, молив, цртеж за илустрација

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Наспроти судбината
Приказни

Наспроти судбината

„Кога животот ќе фрла лимони по вас, фрлете му ги лимоните назад“ е мисла која американскиот писател и предавач Дејл Карнеги ја напишал во својата

Повеќе »

Следете не