Роден на 11.04.1885 година во Панаѓириште, починал на 10.09.1963 година во Софија. Дипломирал (1910) сликарство во Индустриското училиште за уметности, Софија, во класата на проф. Иван Мрквичка. Посетува многу музеи во Италија и Германија. Средношколец во Пловдив и Асеновград (до 1923 година), професор (1926 до 1947 година) на Уметничката Академија во Софија. За време на Балканските војни е воен сликар во Македонија каде создава неколку цртежи од борбени сцени: „Воз“, „Волонтери“, „Битка на Куманово“, „Воз на реката Црна“, кои денес се во колекцијата на Музејот за воена историја. Работел како илустратор на историски книги и учебници. Учествува на изложбата на Друштвото на јужно-бугарските сликари. Повеќето од неговите дела се во Музејот за воена историја во Софија, Градската галерија во Софија, градските галерии во Пловдив, Габрово, Стражица и на други места. Ја добил титулата почесен уметник и медал „Кирил и Методиј“ во 1963 година.

Едно извонредно македонско дело на Симеон Велков е маслото на платно со наслов „Кај селото, село Витоjане, Македонија, пред Првата светска војна“, што денес е во уметничката колекција на Градската уметничка галерија од Пловдив.

На селската чешма во Витољане, масло на платно и акварел
На селската чешма во Витољане, масло на платно и акварел
На селската чешма во Витољане, масло на платно и акварел
На селската чешма во Витољане, масло на платно и акварел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Gustav Wunderwald (1882-1945) “Авто портрет” масло на платно
Приказни

Вундервалд

          Берлин 24 јуни 1945 година. Поминаа 53 дена од крајот на Битката за Берлин. Руската црвена армија ја порази одбраната

Повеќе »

Следете не