Роден на 27.04.1840 во Лондон,  починал на 16.09.1911 во Франција, Едвард Вајмпер бил Англиски илустратор, планинар и светски истражувач. Најмногу е познат по неговото прво искачување на врвот Матерхорн во 1865, кога четири членови на неговата експедиција загинале, кога експедицијата се симнувала наназад.  Инцидентот станал легендарен пораду контраверзноста околу скинатото јаже помеѓу четирите жртви и трите преживеани членови од експедицијата. Официјалната истрага не открила ништо, а целиот инцидент е опишан во книгата „Трки помеѓу Алпите (1871)“ а подоцна е снимен и филм за овој настан.

Како истражувач, Едвард Вајмпер е познат по неговите патувања на Гренланд 1865 и 1872, Јужна Америка 1880 ( истражување на височинската болест во Еквадор, студија која му донела слава и награди) и Канадските Карпести Планини во 1900тите години. Напишал голем број книги за овие патувања.

Како илустратор, Вајмпер бил образуван да биде гравер на дрво од детството. Започнува да се бави со уметност од 1860 со неговото прво патување на Алпите каде што ги илустрирал со цртежи од Алпите. Подоцна, креирал илустрации за своите книги. Едвард Вајмпер ја посетува Егејска Македонија во 1882, каде что изработува неколку илустрации кои го отсликувале дневниот живот во Солун.

 

Џамија во Салоника, 1883, дрворезна гравура
Џамија во Салоника, 1883, дрворезна гравура

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не