Роден во 1877 во Ипсвич, Софок, починал на 02.06.1958. Познат претежно како сликар на пејсажи и цветни композиции. Го добил формалното ликовно образование во Политехничкото Школо на Реџент Стрит и во Италија. Во 1900, на 23 годишна возраст ги изложувал своето прво дело на Кралската Академија под насловен Летна Жега. Во периодит 1900-1947 изложил повеќе од 55 дела на Кралската Академија.

Во 1918, Вуд бил назначен за официјален Британски воен сликар на Балканскиот фронт стациониран во Македонија. Ги сликал битките на Солунскиот и Дојранскиот фронт. Неколку од неговите слики од Македонскиот период се наоѓаат во Империјалниот Воен Музеј во Лондон.

Вуд живеел скоро целиот живот во Лондон, и изложувал често. Неговите дела биле екстремно популарни за време на неговиот живот. Бил избран за асоцијативен член на Кралското Акварелно Друштво во 1913 и полноправен член во 1918. Поради неговото воено искуство, А.Ј. Ман го најмува Вуд да ја илустрира книгата “Солунскиот Фронт„. Бил под-претседател на Кралското Акварелно Друштво помеѓу 1923-26, и станал член на Кралскиот Институт за Сликари со Маслена Техника во 1927. Неговите дела денес се наоѓаат во Империјаниот Воен Музеј во Лондон, Музејот Викторија и Алберт и музеите во Хул, Лидс, Макчестер и Перт.

Битката на “Пипс„, Ноќен поглед на Дојранскиот Фронт 24.04.1917, масло на платно  (Во колекцијата на Империјалниот Воен Музеј)
Битката на “Пипс„, Ноќен поглед на Дојранскиот Фронт 24.04.1917, масло на платно (Во колекцијата на Империјалниот Воен Музеј)
Дојранскиот фронт погледан од Сал Грек де Попово 1917, масло на платно (Во Колекцијата на Империјалниот Воен Музеј)
Дојранскиот фронт погледан од Сал Грек де Попово 1917, масло на платно (Во Колекцијата на Империјалниот Воен Музеј)
Големиот Оган Во Солун, лево: Последна фаза, десно:Белата Кула пред огнена стихија, масло на платно 1917 (во колекцијата на Империјалниот Воен Музеј)

Бомбардирање на Бугарските ровови, Дојран 1917, гваш.
Бомбардирање на Бугарските ровови, Дојран 1917, гваш.

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не