Ричард Кејтон Вудвил ( 1856- 1927), Британец

Роден во 07.01.1856 во Лондон, починал на 17.08.1927 во Лондон. Ричард Кејтон Вудвил се смета за еден од најпознатите војни сликари од доцниот 19ти и раниот 20ти век. Бил син на Американски сликар со исто име кој што се преселил во Лондон во 1852. Студирал во Дизелдорф по водство на големите Прусиски воени сликари Вилхелм Кампхуизен и Едуард фор Гебхарт и во Париз под водство на Жером. Работел скоро цел живот за  The Illustrated London News и известувал од Руско-Рурската војна од 1878, Египетската кампања 1882 и Првата Бурска Војна. Изложувал во Кралската Академија во 1879. Го придружувал Војводата од Кларенс на неговат а Индиска тура 1889-90 и бил најмен од Кралицата Викторија. Автор на книгата “Случајни Реминисценции„ од 1913. За време на својот живот, уживал голема слава и репутација на најдобат мајстор во својот жанр. Денес неговите слики се наоѓаат во колекциите на Националниот Музеј на Британската Армија, Галериите Тејт и Волкер како и во Кралската Ликовна Академија.

Ричард Кејтон Вудвил ја посетил Македонија во турбулентниот период 1902-1903 каде што известувал за настаните околу Илинденското востание.  Неговите ликовни дела ја илустрирале Македонската борба за независност и маките на Македонските луѓе во овие тешки години. Голем број на репродукции од неговите уметнички дела можат да се најдат во изданијата на  The Illustrated News од 1902,1903 и 1904.

Акварели репродуцирани во  The Illustrated News, Лондон 1902/3
Акварели репродуцирани во The Illustrated News, Лондон 1902/3
Акварели репродуцирани во  The Illustrated News, Лондон 1902/3
Акварели репродуцирани во The Illustrated News, Лондон 1902/3

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не