Перси Метјус, студирал сликарство на Ликовното Училиште во Рамсгејт. За време на Првата Светска Војна служи војска на Западниот фронт како војник на Кентските „Змаеви“ и подоцна на Солунскиот фрoнт како поручник во реџиментот на Мидлсекс. На Солунскиот фронт изработува серија на високо-квалитетни цртежи, акварели и скици од цивилниот и војниот живот. Оваа ликовна колекцијае донирана од фамилијата на Перси Метјус (во име на синот Питер и госпоѓа Елизабет Мастерман) на Империјалниот Воен Музеј во Лондон во 2007ма година.
Приказни
Изгубени во огнената бура на Дрезден
На почетокот на 20ти век германскиот град Дрезден бил наречен „Фиренца на Елба“ и бил еден од најубавите градови во Европа. Прекрасната барокна архитектура во