Роден во Горњи Милановац на 26.01.1893, починал во Белград на 06.01.1966. Завршил сликарство на Уметничкото Училиште во Белград (1905-13) а потоа студирал во Минхен (1913/14) и Париз на Академијата Grand Chaumiere (1920-22). Бил доброволец во Првата Светска Војна, прво како војник а потоа од 1917 како воен сликар на Сркската Воена Команда.  Член на повеќе значајни Српски групи како на пример “Лада„,  “Зограф„ и др. Живорад Настасијевиќ бил активен во фреско-сликарството. Ги насликал фреските во холот на  зградата на Народната Банка во Скопје, и во капелата на споменикот Зебрињак во Куманово- кој што е целосно уништен од Бугарите во Втората Светска Војна.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не