Роден на 31ви Март 1904 во Бреслау, Германија (денешен Вроцлав, Полска), починал на 17ти Јануари 1964, Белград, Југославија. Српски сликар со врвно реноме. Познат како автор на грбот на град Белград и ко-автор (заедно со Антун Аугустинчиќ во 1946) на Грбот н аРепублика Македонија.

Роден во Српска фамилија во Германија, но го поминува целото свое образование во Берлин и Белград. Завршива на Белгратската Ликовна Академија. Студира подоцна во Италија (1926-28) и Париз (1928-29). Во 1931ва, неговиот дизајн ја добива првата награда за Грб на град Белград, кој што останува симбол на градот до денешен ден. Во 1934, се прикличува на групата Живот од Југословенски уметници. Учествива во граѓанската војна во Шпанија. Член на Народното Ослободително Движење помеѓу 1941 -1945. Во 1946 , неговите цртежи Партизани ја добиваат Југословенската Графичка Награда, а во 1949та неговото масло на платно Сведоци на Ужасот ја добива Југословенската Ликовна награда.  Член на групата Самостални  помеѓу 1951-53. Од 1945тата, работи како професор на Ликовната Академија во Белград и Декан на Одделот за Ликовна Уметност на Белградскиот Универзитет помеѓу 1959-63. Член на Академијата на Науки и Уметности од 1950та. Претседател на Југословенската Сликарска Федерација помеѓу 1957-60. Неговите дела моѓат да се најдат во колекцијат ана Музејот на Белград. Неговите мозаици се во Воениот Мемориал во Ивањица, на фасада на јавна зграда во Крагујевац и на Музеумот на Холокаустот во Париз.

Џорџе Андрејевиќ Кун ја посетил Македонија после војната, кога заедно со Антун Аугустинчиќ го дизајнирале Македонскиот Државен Грб. Истовремено , насликал повекје масла, инспирирани од колоритот на народните носии од Македонија. Една слика од таа серија насловена “Македонка„ беше главна слика на неговата изложба во Белград во 1959тата. Оваа слика е  продадена од аукциската куќа Мадл`арт, Белград за 4000 евра на 7ми Декември 2009та.

Македонка 1946 масло
Македонка 1946 масло
Грб на Република Македонија 1946
Грб на Република Македонија 1946

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

1958 година - Историска година за македонската кинематографија.
Приказни

Аферата „Мис Стон“

1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка

Повеќе »

Следете не