Роден на 4ти Мај 1900 во Клањец, починал на 10ти Мај 1979 во Загреб. Антун Аугустинчиќ е еден од најпроминентните Хрватски вајари и водечки Југословенси уметник после Втората Светска Војна. Неговите најпознати дела се споменикот Мир пред зградата на Обединетите Нации во Њујорк како и статуата Рудар пред зградата на Меѓународната Трудова Организација во Женева.

Аугустинчиќ го започнува своето уметничко образование во 1918 на уметничо-занаетничиот колеџ во Загреб, и потоа на Уметничко Занаетчиската Академија во 1922, во класата на големиот Хрватски скулптор Иван Мештровиќ. По завршувањето  во 1924та година, добива стипендија оф Француската влада и ги продолжува студиите на Школата за Декоративни Уметности и Ликовната Школа во Париз, во класата на Jean Antoine Injalbert.

Во 1925/26 та година, ги одржува своите први изложби во Париз, а потоа се враќа во Загреб каде што изложува во 1926та. Во 1929та е еден од основачите на уметничката група Земја во која што членуваат проминентни, лево-ориентирани скулптори, сликари и архитекти. Учествува во серијата изложби на оваа група во текот на 1929-1933тата, при што ја напушта групата, две години пред нејзиното државно забранување во 1935тата година.

Во 1930тата го креира својот прв споменик на јавач во Ниш, каде што неговиот труд победува на конкурс. Од тогаш, спомениците на Јавач стануваат него заштитен знак во неговата уметничка кариера. Особено по квалитет се издвојуваат скулпурите на јавач во чест на Јозеф Пилсудски во Катовице, Полска (нарачан во 1930тите години, но поставен во 1991), како и неговоте најпознато дело, споменикот Мир пред зградата на Обединетите Нации во Њујорк од 1954.

Во 1930тите години Аугустинчиќ работи во Скопје, каде што го креира споменикот во чест на Крал Александар , поставен во 1937мата године во скопје, но целосно уништен за време на Втората Светска Војна од Бугарската окупаторска војска.  Останати значајни дела од овој период се скулптурите Тага(1930), Мојсие (1932) и Икар (1935) во Загреб.

Во 1940тата година, Аугустинчиќ станува кореспондентски член на Југословенската Академија на Науки и Уметности (ЈАЗУ) . За времето на Втората Светска Војна, останува уметнички активен, и е комисиониран за изработна на скулптурата Поглавник на Анте Павелиќ . Во 1946та, станува професор на Ликовната Академија во Загреб и член на Народното Собрание.

Во 1949та, станува полноправен член на Југословенската Академи на Науки и Уметности. Во овие години  креира серија на значајни споменици, како на пример споменикот на Јосип Броз Тито во Кумровец (1948), Моша Пијаде (1953), виолинистот Златко Балоковиќ (1962), Марин Држиќ (1963) и други. Најпозднато дело од овој период е Носењето на ранетите, кое ѓто се базира на наговите цртежи од 1944тата и чиј пто мотив се враќа во повеќето негови дела во следните три декади на неговото творештво. Еден пример од овој мотив може да се види пред Медицинскиот Факултет во Загреб.

Споменици на крал Петар и Александар, Скопје 1937, бронза.
Споменици на крал Петар и Александар, Скопје 1937, бронза.

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не