Српски кројач, антрополог и илустратор, роден во Осјек, починал во Белград. . Како самоук сликар патувал скоро две декади низ Хрватска, Босна, Црна Гора, Македонија и Србија , сликајќи народни носии. Во 1868ма пробал да основа уметничко & занаетчиска школа во Зрењанин, Рума и Ирига. Во 1873та, ја нуди својата голема колекција на нацртани народни носии на богати луѓе во Виена, Загреб и Белград. Колекцијата е најпосле купена во 1879та од страна на Министерството за образование на Србија и депонирана во Народниот Музеј во Белград, кој што објавува повеќе книги со овие цртежи: Албум на народни носии, Атлас на орнаменти и Техноматски компендиум, кои што можат да се најдат денес во Етнолошкиот музеј во Белград. Неговите цртежи на народни носии, набрзо стануваат  барани од Европските брагороднички колекционери и денес можат да се најдат во повеќе Европски музеи.

Акварел со Македонски народни носии, направен за времето на неговиот престој во Македонија околу 1860тата година, е дел на колекцијата на музејот Викторија & Алберт, во Лондон.

Македонски девојки, акварел
Македонски девојки, акварел

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Gustav Wunderwald (1882-1945) “Авто портрет” масло на платно
Приказни

Вундервалд

          Берлин 24 јуни 1945 година. Поминаа 53 дена од крајот на Битката за Берлин. Руската црвена армија ја порази одбраната

Повеќе »

Следете не