Александар Баркоф (1870-1942), Русин / Финец

Роден на 4ти Септември 1870 во Хелсинки, Финска, починал во 1942 во Атина, Грција. Студира ликовна уметност помеѓу 1890 и 1895 на Ликовната Академија во Хелсинки. По студиите, работно ги посетува Париз и Фиренца, а после 1927мата година се сели во Грција каде што живее во Солун и Атина до крајот на својот живот. Во овој период, Баркоф креира повеќе од 250 ликовни дела, воглавно слики од дневниот живот во Солун и околните делови на Егејска Македонија. Неговите уметнички дела можат да се најдат во музејот Атениум во Хелсинки како и во фондацијата  Ј.П. Костопулис во Грција

Солун 1930 акварел
Солун 1930 акварел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Наспроти судбината
Приказни

Наспроти судбината

„Кога животот ќе фрла лимони по вас, фрлете му ги лимоните назад“ е мисла која американскиот писател и предавач Дејл Карнеги ја напишал во својата

Повеќе »

Следете не