Јаким Казанџиев Банчев, роден на 6ти Август 1884 во Ловеч, Бугарија. Познат Бугарски воен сликар, кој претстојува во Македонија за време на Балканските војни заедно со Бугарската војска. Студирал сликарство во 1904 на Ликовната Академија „Алберина“ во Торино, Италија, заедно со некои од најпознатите Бугарски сликари, на пример: Никола Ганушев и Максим Џанков. Победник на годишни сликарски натпревари. Патува во САД на сликарска специјализација во 1920/30ти години. Позднат по неговите актови и исклучителна фигуративна техника. Неговите слики се во колекцијата на Музејот на Воена Историја во Софија.

Едно негово Македонско дело е маслото на платно „Долина на Вардар“ во колекцијата на уметничката галериа „Цености“ во Софија.

Солун 1930 акварел
Солун 1930 акварел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

1958 година - Историска година за македонската кинематографија.
Приказни

Аферата „Мис Стон“

1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка

Повеќе »

Следете не