Родена во Санкт Петерсбург, Русија, починала во Лос Анџелес, САД.

Олга Бенсон е името на уметницата, бегалка од граѓанската војна во Русија која за време на својот живот успеа од заборав да ги спаси и овековечи народните носии од просторот на екс Југославија, меѓу кои и од Македонија, поточно од околината на Скопје, Гостивар…

Нејзиниот животен пат е необичен, а нејзината биографија не е обележана со револуционерни достигнувања, туку е испишана со етнографски цртежи, направени на терен и на биро. Пред да почине во 1977, на возраст од деведесет години и да биде погребана на холивудски гробишта, таа засекогаш не задолжи со својата работа. Децении по нејзината смрт, нејзините дела се одвоени од заборавот и претставени во монографијата „Олга Бенсон: соништа за минатото и традицијата“, објавена од Етнографскиот институт на Српската академија на науките и уметности.

Токму во оваа монографија е забележано дека научните етнографски експедиции спроведени од Музејот во Скопје во 1930-тите стасувале до најоддалечените рурални места и собирале материјал. Истражувачите и нивните соработници потоа ги пишувале студиите, а Олга Бенсон, како член на нивниот тим, создавала визуелни сведоштва за сите сегменти на народниот живот, кои беа на работ на истребување. Таа ги пренесувала народните носии, архитектурата и старите занаети на хартија.

Таа во Скопје се доселила во 1920, како бегалец од граѓанската војна во Русија. Со себе од матичната земја го донела знаењето стекнато на Високата уметничка школа во Санкт Петербург, што се покажало како многу корисно во првите децении на 20 век, кога фотографијата сè уште не била носител на последниот збор во антрополошката документација.

Делата на Олга Бенсон многу бргу станале познати, па затоа за дворот на кралот Александар по неговата лична порачка, го направила албумот на народните носии  на Југославија. Тоа беше само една од многуте публикации во кои ќе се појават нејзините цртежи. Запознавање со Бланш Пејн, професорка по костимографија од САД, доведе до тоа денес, во дигиталната колекција на Универзитетот во Вашингтон, да може да се видат 25 нејзини акварели, кои прикажуваат женски и машки фигури во народни носии од Југославија. Таа работела и на копирање на фрески (две се во Воениот музеј во Белград), а го сликала и ентериерот на црквата „Свети Архангел Михаил“ во Скопје. Таа, исто така, оставила значаен белег како хуманист, основач и член на повеќе добротворни организации.

Цртежите и акварелите, кои во најголем дел се во архивите на Етнографскиот институт, имаа јасна описна цел. Тие беа во сенка на етнологијата, но не без личен печат, перфекционизам и професионална посветеност. Таа продолжила да ги создава со ист ентузијазам во 1939 година, кога се преселила во Белград за да работи во Етнографскиот музеј. До преселбата дошло бидејќи животот на семејството Бенсон во Скопје не бил лесен, поточно бил обележан со постојана борба за егзистенција. Сопругот на Олга, Леонид Бенсон, бил во пензија, а тие имале и седумнаесетгодишен син, Александар.

За жал, работата на Олга не била вреднуван како што треба ниту во Белград. Триесет години таа живее во Југославија, во незадоволство од ниските дневници, прекувремената работа и докажување на квалификациите. Таа го напушта Етнографскиот музеј поради малата плата, но ништо не се сменило дури и кога започнала да работи во Етнографскиот институт во 1947 година. Постојано се соочувала со статус на работник со скратено работно време, додека сумата за која работела не се менувала дури и кога се зафатила со полно работно време. Во една пригода морала да се бори за нереализираниот хонорар по судски пат.

„Согласувајќи се на моето назначување за постојан соработник на Институтот, се чини дека ја деградирав мојата професија до рангот на обичен занаетчија“, напиша таа по неуспешниот обид да добие покачување на платата. Шест месеци подоцна, во 1950 година, таа дава отказ и ја напушта Југославија засекогаш. Пред да се пресели во САД на 63-годишна возраст и да се придружи на нејзиниот син во Лос Анџелес, Олга Бенсон изработила повеќе од 500 одлични цртежи и слики за Етнографскиот институт.

Во библиотеката на Музејот на Македонија и денес се чува албумот на македонските народни носии направен според нејзините цртежи, кој првпат бил отпечатен во 1963 година. Во рамките на изложбите пак, „Цртежи од етнолошката документација на Македонија“(1997) и „Чудесните жени од колекцијата на Националната галерија на Македонија“ (2018) беа изложени дел од нејзините цртежи.

Жената со народната носија на банкнотата од 2000 денари е според цртеж на Олга Бенсон.

Текстот е превземен од : vecer.press

 

Македонска народна носија, 1930, декорација на банкнота од 2000 денари
Македонска народна носија, 1930, декорација на банкнота од 2000 денари
Македонска народна носија, 1930, акварел
Македонска народна носија, 1930, акварел
Македонска народна носија, 1930, акварел
Македонска народна носија, 1930, акварел
Македонска народна носија, 1930, акварел
Македонска народна носија, 1930, акварел
Невеста од Кривогаштани, Пелагонија, 1930, акварел
Невеста од Кривогаштани, Пелагонија, 1930, акварел
Фотографија од уметникот, 1930
Фотографија од уметникот, 1930

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не