Значаен Црногорски сликар, роден во Будва 1864, починал во Перасте 1944. Студирал ликовна уметност во Атина и Солун. Живеел во Цетиње, каде сто работи како сликар на портрет во кралскиот двор. Одреден период живее во Нови Сад, каде сто работи како учител по сликарство. Неговите слики се изложувале во Прага, Братислава, Варшава, Рига, Софија, Берлин, Талин и Будимпешта.

Боцариќ живеел во Скопје помеѓу 1906тата и 1909тата година каде што работи како учител по сликарство. После Скопје заминува во Солун во 1911тата, каде што престојува една година, пред да се пресели во Нови Сад.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не