Рене-Мари Кастан (1896 – 1943), Французин

Роден на 16ти Декември 1896 во Пау , починал на 8ми Декември 1943 во Пау. Почнал да изложува во Салонот на Француските Слукари уште од 1913та. Се пријавува како доброволец во Француската армија во 1914та, и заминува на фронтовите во Шампањ, Лоара и Македонија. Добива медал за храброст во 1919та, за неговата воена служба заедно со Српската армија во Македонија и на ориентот. Во 1919та се враќа во Паризкаде што се запипува на Академијата Жулиард, и учи сликарство во класата на Вилиам Лапара. Во 1920тата годиа примен е на престижната Ликовна Академија во Париз во класата на сликарот Пол Алберт Лоран. Добива повеќе школски и национални награду помеѓу 1921 и 1924. Круната на неговата кариера е добивањето на на престижната Награда на Рим во 1924та година со познатата слика “Исус со Марија и Марта„. Се сели во Италија  во 1925та. До крајот на неговиот живот, неговите слики се симболостички во кои се мешаат религиозни мотиви со историски настани и сцени од дневниот живот.

Тестамент на неговата воена служба во Македонскиот фронт е сликата со наслов “Мемоари на мртвите од 1914-1918„, која што важи како еден од најдобрите примери на Францускиот симболизам.

Rene-MarieCastaing-1896-1943-Memoier-od-the-dead-1914-1918-oil-1919-1
Мемоари на мртвите 1914-1918, масло на платно 1919

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не