Роден на 7 фебруари 1883 г. во Велико Трново, починал на 31 декември 1969 г. во Софија. Во периодот 1903 – 1908 бил учител во родниот град и како самоук сликар приредува изложби во Софија во 1909 г. Од 1909 до 1914 год. студира ликовна уметност во Минхен кај проф. Лео фон Лефтс. Од 1914 до 1935 год. работи како официјален воен сликар на бугарската армија. Креирал голем број на композиции со воени теми од типот на пејсажи низ кои што поминала бугарската армија. После војната, воглавно црта пејсажи од Бугарските градови ( Мелник, Самоков, Пловдив, Софиа, итн.)

Борис Денев бил воен сликар од прва генерација. Ја посетува Македонија со бугарската армија во 1915та година каде што продуцира серија на акварели, цртежи и илустрации.

Цртежи од 1915, Градот Прилеп и премин преку Шара на првата Балканска дивизија.
Цртежи од 1915, Градот Прилеп и премин преку Шара на првата Балканска дивизија.
Цртежи од 1915, Градот Прилеп и премин преку Шара на првата Балканска дивизија.
Цртежи од 1915, Градот Прилеп и премин преку Шара на првата Балканска дивизија.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не