Роден во Париз, студирал со Кормон, Деланс, Е.Ренард и Њалтнер. Изложува во Салонот на Француските Сликари во 1903 и во Националното Друштво на Ликовна Уметност во 1915та. Назначен како официјален воен сликар за времето на Првата Светска Војна. После војната, стекнува репутација на првокласен  сликар на портрети  на видни луѓе а исто е и директор на академијата Делеклуз во Монтпарнаис каде што Американките и останатите жени студирале сликарство на почетокот на 20тиот век.

Делеклуз претстојува во Македонија во периодот помеѓу 1916-1918, каде што продуцира голем број на акварели и цртежи од пејсажи и сцени од Солун. Лерин, Кајмачкалан, Џорма, итн. Делеклуз е инспириран од дневниот живот и етничките групи од Егејска Македонија. Голем број од овие цртежи се продадени од аукциската куќа “De Maigret”  во Париз на 24-11-2005.

Ромски камп Солун 1917
Ромски камп Солун 1917
Студија на три жени Солун 1917
Студија на три жени Солун 1917
Ромски танц Солун 1917
Ромски танц Солун 1917
Улица во турско маало, Солун 1917
Улица во турско маало, Солун 1917
Потрет на Македонска девојка, Солун 1917
Потрет на Македонска девојка, Солун 1917
Турска Кафеана Солун 1917
Турска Кафеана Солун 1917
Ромски камп 1917
Ромски камп 1917
Влез во дервишко-вртачка џамија
Влез во дервишко-вртачка џамија
Солун , Гратски Ѕидини, 1917
Солун , Гратски Ѕидини, 1917
Градина-тераса, Солун 1917
Градина-тераса, Солун 1917

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не