Алмери Лобел-Рише (1880-1950), Швајцарец / Французин

Сликарот и графичар Алмери Лобел-Рише е роден на 03.05.1880 во Женева, Швајцарија од родители од Француско потекло. Познат е нашироко по неговите слики од социјалната елита на Францускиот “Бел-Епок„ и продуцирал голем број на илустрации на книги. Ги започнал своите ликовни студии на Академијата на Ликовни Уметности во Менпељер и ги продолжил во Париз, под водство на Бонат. Успехот му доаѓа многу брзо кога ги поднесива цртежите на магазинот “Le Rire” во 1895. Неговите слики од сензуални и елегантни девојки и жени стануваат познати и барани. Илустрирал неколку книги од познати автори, како на принер, Оскар Вајлд, Шарл Баудељер,  Пјер Лујс, Валери, и други. Лобел-Рише изложувал во Париз, Лондон и Швајцарија.  Во 1922 неговите дела биле изложени на престижната изложба  De Bonnard à Baselitz во Националната Библиотека на Париз. По тој повод е објавена и негова биографија во изложбениот каталог. Умира во Париз во 1950та година.

За време на Големата Војна, Алмери Лобел-Рише е најмогу познат по неговите графики од Мароканскиот и Македонскиот фронт. Бил стациониран во Солун , од каде што посетува голем број места во Егејска Македонија, илустрирајќи го дневниот живот на луѓето во Македонија. Изработил најмалку 12 литографии кои го отсликувале дневниот живот во Солун, и селата Востаран и Борешница (близу Лерин). Неговото масло на  платно “Џамијата на дванаесте апостоли, Солун„ е продадена од аукциската кужа Gros-Delettrez (S.V.V.)  во Париз на 13/12/2005 (објект борј 512).Други примери на негови Македонски слики се акварелот “Планината  Верила во Македонска Србија, 24/11/1915Ќ продадена од аукциската куќа  Cuturier-De Nicolay во Париз на 26.03.1993 ( објект број 104), како и литографијата “Армија на Ориентот во Македонија„ продадена од аукциската куќа  Tajan од Париз на 03.02.1995 ( објект број 188). Целото портфолио на литографии е во колекцијата на авторот на овој лексикон.

Македонска селанка 1916
Македонска селанка 1916
Македонски Селани, Егејска Македонија 1916, литографија
Македонски Селани, Егејска Македонија 1916, литографија
Погреб 1916, литографија
Погреб 1916, литографија
Џамија на 12те апостоли, Солун 1917, масло на платно
Џамија на 12те апостоли, Солун 1917, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не