Ханс Дил- Валендорф (1877 – 1946), Германец

Роден во Пирмасен, Рајнфалц 1877, починал во Виена 1946. Студирал на Ликовната Академија во Вајмар, Германија, во класата на проф. Теодор Хаген. Помеѓу 1896 и 1898 бил студент на проф. Фрајоф Смит и Макс Теди како и студент на Уметничкиот Институт на Франкфурт на Мајна, во класата на прфесор Мар. Во првата декада на 20тиот век, патувал во Париз, Швајцарија, Унгарија, Далмација и Русија. Во Русија, станува пријател со фамилијата Толстој каде што го изработува портретот на Лав Н. Толстој. За време на првата светска војна бил војник во Австро-унгарската армија на повеќе фронтови. Во 1920тите и 1930тите години, станува видна и позната личност во Виенскиот култирен живот. Умира многу брзо по завршувањето на втората светска војна. Неговите слики се наоѓаат во повеќе музеи во Австрија и Германија.

Ханс Дил-Валендорф го посетува Охрид во првата декада на 20тиот век, најверојатно во рамките на некое од неговите студиски патувања околу 1900. Го изработува пастел цртежот “ На Охридско езеро –поглед на манастирот Свети Наум„ која денес е во колекцијата на авторот на оваа книга и купена од галеријата  Heike од Виена, Австрија.

На Охридското езеро (манастир Св. Наум) пастел.
На Охридското езеро (манастир Св. Наум) пастел.

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не