Ернст Рикард Дитце (1880 – 1961), Германец

Роден во Обермеиса крај Минхен 1880, починал во Траунштајн 1961. Студент на Л. Поле, Ц. Банзер и Г. Куел од Дрезденската Ликовна Академија. Студирал сликарство во Берлин, Париз и Минхен. Ужива репутација на исклучително важен претставник на Дрезденската импресионистичка школа. Бил професор по сликарство на академијата во Малсал во периодот помеѓу 1935-45. За жал, голем број од неговите слики се уништени за време на бомбардирањето на Дрезден во Втората Светска Војна. Неговото студио во Дрезден е целосно уништено на 2ри Фебруари 1945 година. Некои од неговите зачувани слики можат да се најдат во Градскиот музеј на Дрезден.

Дитце ја посетува Македонија во периодот помеѓу 1916-18 година во Скопскиот регион. Креира неколку масла на платно , акварели и бакрописи со Македонски мотиви од тоа време. На пример маслото на панел насловено “Пејсаж од виадуктот во Скопје„ (продадена од аукциската куќа  Schmidt од Дрезден на 10-12-2005 и денес во сопственост на авторот на оваа книга), и акварелот насловен “Харем крај Скопје„ (продаден од аукциската куќа  Van Ham  од Келн на 03-08-2004), акварелот  “ Скопје 1917 со поглед на старата чаршија„  сво сопственост на авторот , “Германска воена колона покрај Дојранското Езеро, 1917)„ ( во сопственост на авторот) и бакрописите  со пејсажи од Скопје и реката Радика (во сопственост на авторот), МАслото на панел “Во кампот на бандитите, Македонија 1917“ продадено од аукциската куќа Dorotheum во Виена, Австрија во Април 2011та ( сопственост на авторот).

Јавач крај Скопскиот виадукт, масло на панел
Јавач крај Скопскиот виадукт, масло на панел
Пазар во Скопје,  репродукција  во весник
Пазар во Скопје, репродукција во весник
Скопје стара чаршија, 1916, акварел
Скопје стара чаршија, 1916, акварел
Војнa колона Македонија 1917 (Дојранско Езеро) масло на платно
Војнa колона Македонија 1917 (Дојранско Езеро) масло на платно
Скопје 1917 бакторез
Скопје 1917 бакторез
Мост на Радика 1917
Мост на Радика 1917
Во кампот на бандитите, Македонија 1917 масло на панел
Во кампот на бандитите, Македонија 1917 масло на панел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не