Лојзе Долинар е еден од најпознатите словенечки скулптори од XX-тиот век. Роден е во 1893 година во Љубљана. Неговите рани скулптури се во стилот на академски реализам, симбоизмот, германската сецесија и се создадени во духот на живописната, импресионистичката и ново-барокната модулација, додека тој исто така пристапува и кон експресионизмот. По краткиот престој во САД во 1920 година, се фокусира кон архитектонската вајарска уметност во која ги следи и античките, како и модерните модели. Нарачките за архитектонска вајарска уметност довеле до негово преселување во Белград во 1931 година. Во периодот меѓу двете светски војни е еден од најбараните скулптори за монументални спомениците, создавајќи меѓу другите, надгробната плоча на д-р Јанез Крек, два споменици на коњаници во Љубљана, и споменикот на паднатите студенти-војници во Скопје. Во 1946 година се зачленува во белградската академија за ликовни уметности, стекнувајќи професорство во 1949 година, каде се специјализирал во дизајнирањето на монументалната, малку модернизирана и целосно извајана човечка фигура прикажана во чинот на изведување херојски пози. По Втората светска војна, следуваа нови нарачки. Неговата последна голема скулптура била Споменикот на револуцијата во Крањ, каде живеел откако се пензионирал. Во 1966 година, долната и горната сала на градското собрание Крањ биле украсени со графички и вајарски уметнички дела, кои Долинар ги донирал на општината Крањ. Починал во Ичичи во близина на Опатија во 1970 година.

Долинар го посетил Скопје во 1935 година за време на изградбата на неговиот споменик во чест на паднатите српски студентски војници во Балканот и Големата војна. Споменикот бил уметничко ремек дело составено од повеќе бронзени елементи (на врвот била симболот на Мајката татковина со меч, на задниот дел била српска мајка на паднатите војници која тагува) на висок мермер фундамент. Споменикот бил уништен од бугарската армија за време на Втората светска војна. Во 1949 година тој повторно го посетува Скопје и ја изработува бронзена статуа на Никола Тесла, која денес е во задната градина на Електротехничкиот факултет во Скопје.

Споменик на паднатите студенти-војници, Скопје 1935, бронза и мермер
Споменик на паднатите студенти-војници, Скопје 1935, бронза и мермер
Детали од споменикот на паднатите студенти-војници, Скопје 1935, бронза и мермер
Детали од споменикот на паднатите студенти-војници, Скопје 1935, бронза и мермер
Никола Тесла, Скопје 1949, бронза
Никола Тесла, Скопје 1949, бронза

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Where-is-the-grave-of-Gerard-Chowne
Приказни

Каде е гробот на Џерард Чаун?

За некои сликари, Македонија била нивната крајна дестинација. Џерард Хенри Тилсон Чаун (1875 Индија – 1917 Македонија) е британски сликар што се школувал на школата

Повеќе »

Следете не