Роден на 31ви Јануари 1888, починал на 10ти Април 1947. Вили Екснер и еден он нај контраверзните Германски воени сликари од првата и втората светска војна. Започнал со сликарски студии во Бреслав (германско има, Вроцлав полско име) од 1902 до 1906. Оди на студентски патувања во Северна Германија и Швајцарија а подоцна во 1910тата станува студент на Кралската Ликовна Академија во Вроцлав. Во 1915та станува официјален Германски воен сликар и од 1917тата патува на разни фронтови каде што изработува портрети на војници и офицери. Сериозно е ранет кон крајот на Првата Светска Војна и останува осакатен од последицата на раната. Во доцните 1930ти, Вили Екснер започнува да црта Германски Национал-Социалистички мотиви. Во 1936тата го изработува најпознатиот портрет на Адолф Хитлер. Изработува исто голем број на слики кои се користени за национал-социалистичка / нацистичка пропаганда, како и портретот на Херман Геринг. Во текот на Втората Светска Војна, изработува уште еден доста познат портрет на Хитлер во 1943та година. После војната, обвинет е и суден за колаборација со нацистите. Како последица од вознемирувачкиот процес, Вили Екснер се разболува од рак и умира во 1947ма година. После неговата смерт, сите обвиненија протув него се повлечени.

Вили Екснер го посетува Скопје во 1917та година. Продуцира неколку акварели и цртежи на питачи и роми од Скопје. Еден таков цртеж се наоѓа во  градската архива на Ветхрејм, Германија. Друг акварел насловен како “Ориентален питач 1917“ е продаден од страна на аукциската куќа  Schmidth Kunstauktionen од Дрезден , Германија на 15ти Септември 2007 (објект број 54)

Ориентален питач, Скопје 1917. Масло на платно
Ориентален питач, Скопје 1917. Масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не