Роден во 1884 во Ле Хавр, починал во 1965 во Монтрол. Изложувал во Париз во Салонот на Француски Артисти во 1928. Направил група цртежи во познатата воена Француска кнуга “’la Guerre Raconté par Nos Généraux“ од 1920 година, посветена на Големата Војна видена од Француски аспект.

Андре Фремонт бил во Македонија помеѓу 1916 и 1917 година, најверојатно во служба на званичен воен сликар. Нацртал најмалку две слики: “Поп и продавач на овошје, пазар во Гумиџе 1916„ гваш на хартија, продадена од аукциската куќа  Claude Aguttes S.A.S.  во Париз, Франција на 2ри Јуни 2008 (објект број 220), и “Македонски овчар и трупите во планина, Извор 1917„ гваш на хартија, продаден од аукциската куќа Schmidtz-Laurent (S.V.V) во Париз на 18ти Март 2007 (објект број 30).

Сликата „Биволи, сувенир од Македонија 1917“ е продадена од аукциската куќа Росини, Франција, на 29ти Јуни 2012 (објект 75), на авторот на оваа енциклопедија.

Биволи, Сувенир од Македонија 1917, гваж на хартија.
Биволи, Сувенир од Македонија 1917, гваж на хартија.
Македонски овчар и трупи во планина, Извор 1917, гваж на хартија.
Македонски овчар и трупи во планина, Извор 1917, гваж на хартија.
Поп и продавач на овошје, Јаниџе 1916 гваж на хартија
Поп и продавач на овошје, Јаниџе 1916 гваж на хартија

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

1958 година - Историска година за македонската кинематографија.
Приказни

Аферата „Мис Стон“

1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка

Повеќе »

Следете не