Жозеф Фрицеро ( роден и починат во Ница 1807-1870) бил ученик на Пол Емил Барбери и Ингнес. Од 1825тата имал студиско патувања во Фиренца, Турција (Истамбул), Италија, Грција, Македонија, Србија, Хрватска, Тунис, Алжир, Шпанија и Русија.  На крај, се удомува во Ница каде што работи како учител по цртање на богатите и познати клиенти кои претстојувале во Ница (на пример Принцезата Теолинда фон Вуртенберг или Грофицата фон Лаихтенберг) и се здобива со пристап во ваков екслузивен криг на луѓе. Станува чест гостин на Руската аристократија која што претстојувала во Ница.

Во 1848мата година, се венчава со Жозефина (Јузаиа) Кобервајн, вон-брачната ќерка на царот Николај Први. Во 1850тата патува за Сент Петерсбург каде што работи во во познатиот Хермитраж , како и во кралскиот двор. По долг претстој во Русија, се вража во Ница. Денес неговите дела можат да се најдат во Музејот на Ница како и во Хермитраж музејот во Сент Петерсбург.

Жозеф Фрицеро ја посетува Македонија во 1847мата година. На пат кон Русија, тој поминува низ Италија, Хрватска, Србија и Турција. Неговата посета на Мaкедонија е документирана во книгата “Жозеф Фрицеро 1807-1870, Сликар – Патник„ од Серж Ромаин.

 

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не