Рoден на 17ти Август 1878 во Ландшут, починал на 11ти Фебруари 1971 во Минхен. Во 1898/99 студира на Минхенското училиште за применети уметности а подоцна на Техничкиот Универзитеткаде што го положува државниот испит во цртање. Од 1903та студира на Минхенската Ликовна академија во класата на Франц вон Штук и Петер Хулм. Добитник е на Националната ликовна награда и стипендија Штук. Патува во Шпанија, Италија и Северна Африка. Добитник е на наградата Вила Романа во 1910та за неговите графички дизајни. Работи на графики заедно си Ричард Демел и Франк Ведекинд. До 1914та живее во Берлин а потоа се сели во Минхен каде што работи како професор на Школата за Декоративна Уметност. По Првата Светска Војна се посветува на цртање портрети. По доаѓањето на власт на нацистите во Германијанеговата уметност е прогласена за „дегенерична“. По војната, продолжува со ликовна уметност и од 1946та е професор на колеџот за ликовни уметности во Минхен. Во 1951ва ја добива наградата за култура од градот Минхен каде живее до неговата смрт.
Вили Гајгер ја посетува Македонија во краток период во 1916та каде што служи во Германската војска како височински набљудувач од балон.    Изработува низа на цртежи кои подоцна ги претвора во графики и кои се објавени во една многу ретка книга насловена „Гајгер Вили, 10 литографии од источниот фронт“. Еден примерок од таа книга е продаден од аукциската куќа  Bassenge  од Берлин во Октомври 2012 ( објект број 3770 за 4000 евра.

Willi Geiger (1878-1972) Маало во Ушкуб 1916 литографија
Willi Geiger (1878-1972) Маало во Ушкуб 1916 литографија

Оставете порака

Споделете :

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не