Роден во 1886 во Штутгарт, починал во 1955 во Биберах, Германија. Познат сликар од јужна Германија. Студирал сликарство на Ликовната Академија во Штутгарт. Направил неколку студиски патувања во Холандија и Белгија. За време на Првата Светска Војна, Роберт Хааг бил воен сликар во Македонија, при што ги посетува Прилеп и Скопје околу 1918 каде што направил најмалку две маслени слики кои што се продадени од страна на аукциската куќа Van Ham Kunstauktionen од Кел на 20ти Јуни 1998 ( објекти број 1778 и 1779). Сликите “Сцена од Прилеп 1918„ и ЌСцена од Скопје“ се во колекцијата на авторот.
Приказни
Камили во Скопје
14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска