Алексеј Валилиевич Ханзен (1876 – 1937), Русин

Роден во Одеса на 2ри Фебруари 1876, починал во Дубровник, Хрватска на 19ти Ноември 1937. Студирал сликарство на Ликовното Школо во Одеса, Кралската Ликовна Академија до 1903, во Париз и во Лајпциг. Работел во Одеса и Сент Петерсбург до 1904, а потоа воглавно во странство – во Германија помеѓу 1904-12, Одеса 1912-14, Крим 1914, Одеас 1917-19. Имигрира најпрво во Бугарија во 1920 а потоа во Кралството Југославија. Започнува со изложување од 1898. Изложува во Кралската Академија на Ликовни Уметности, Здружението на Сликари од Сент Петерсбург, Париз, Прага, Рио Де Жанеиро, Рим, Букурешт и Загреб,  Специјализија во пејсажи, акварели и воени сцени од Првата Светска Војна. Повеќе информации за сликарот можат да се најдат на www.hanzen.ru .

Алексеј Ханзен пропатувал низ Македонија во 1924тата година. Во овој период често го посетува Кралството Југославија. Направил најмалку едно дело: “Железница низ Шар Планина, Скопје„ продадено од аукциската куќа  Bonhams од Лондон на 26ти Ноември 2007 (обј. бр. 46)

Шар Планина, Скопје 1924
Шар Планина, Скопје 1924

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не